Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи денеска транспортираше македонски државјанин од Унгарија за да му се овозможи навремена медицинска нега.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, граѓанинот бил транспортиран поради влошена здравствена состојба.
– Имајќи ја предвид потребата да биде брзо пренесен во својата земја поради влошена здравствена состојба за време на неговиот престој во Унгарија, по добиено барање од Центарот за управување со кризи, македонскиот државјанин е преземен со полицискиот хеликоптер „бел“ 412, во содејство со претставници од Министерството за здравство и медицински тим од Градската општа болница „8 Септември“ и донесен во Скопје за понатамошна подолготрајна здравствена нега, стои во соопштението од МВР