По повод 50 години музичка кариера Мики Јовановски – Џафер вчера вечерта во Јавна соба одржа јубилеен концерт, на кој присуствуваа голем број гости музичари.
Мики Јовановски – Џафер, е македонски рок музичар, кој остави траен белег на македонската музичка сцена. Во текот на петдецениската кариера соработувал со многу музичари, а бил член на многу бендови: Солзи, Бангла Деш, Мост, Република 903, Разбој, Леб и сол, Автограм, Бодигардс, Тоа е тоа и др.. Незаборавен е како интерпретатор на љубовната „Сонце за три света“, која беше прогласена за песна на деведесетите и влезе во историја на македонската музика.
Изведбата на „Макфест“ во 1993, „Сонце за три света“ освои награда за најдобар текст, а Мики Јовановски – Џафер награда за интерпретација.