Мохамад, татко на седумгодишното девојче(7) кое во текот на изминатата ноќ беше тешко рането кога Израел пресретна ирански проектил, денеска изјави дека врз нивната куќа паднале шрапнели од соборен проектил.
Семејството живеело во бедунинска куќа во градпот Арад.
-Падна врз нашата куќа околу два часот по полноќ. Таа спиеше во куќата и веднаш ја однесовме во болницата „Сорока“ во Бершеба, изјави таткото на повреденото девојче.
Според последните информации таа е тешко повредена.
За потсетување, Иран синоќа лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел, а Техеран објави дека нападот е извршен како одмазда за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск во кој беа убиени високи офицери на Иранската револуционерна гарда. МИА