Жално е што нема дебати на овие избори. Како претставник на Европскиот фронт како опонент го гледам претставникот на национализмот, кој се нуди како опција во државата и дебата сега би прифатил само со претставникот на ВМРО ДПМНЕ, вели во денешното издание на емисијата “Стадион” на Канал 77 претседателскиот кандидат на ДУИ и коалицијата, Бујар Османи.
Запрашан за став и мислење околу текот на претседателската кампања во досегашниот период, Османи вели дека страшно е што опозицијата мисли дека со негативна кампања ќе ги добие гласовите и изборите.
- Опозицијата повторно мисли дека со црна кампања и со наратив против ќе добие нешто. Не се добиваат избори со тоа што единствениот наратив ви е плукајте по противникот нешто ќе се залепи. Мора да покажете што нудите вие, а јас велам на овие избори се нудат два концепти. Концептот на интеграција наспроти концептот на изолација, концепт на соживот наспроти оној на етничките тензии. Тоа се концептите на европскиот фронт виза ви концептот на ВМРО ДПМНЕ, нагласува Османи.
За Уставните измени вели дека се неопходни пред формирање на новата Влада ако сакаме Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ.
- Многу е значајно тоа, затоа што ако ја пропуштиме 2024та ќе изгубиме цела една декада а можеби и повеќе, како што изгубивме 20 години со името и повторно го решивме името. Замислете да го решевме пред 20 години ние ќе бевме со Словенија и Хрватска веќе членка на Европската Унија. Немаме веќе резерви за толеранција да ги изгубиме и тие години што им останаа на поголем дел од граѓаните, во авантури на политичари кои што не нудат ништо друго освен омраза, изолација, национализам и можност да продолжат да се корумпираат, нагласува Османи.
На прашањето како би го решил проблемот со војната во Украина, Османи вели кога би бил Бајден би ги седнал сите лидери на маса и би им ја дал целосната безрезервна поддршка на Украинците. Ако треба нека се испразнат сите магацини со оружје само да се совлада Русија, зашто победата на Путин би била само почеток на крајот.
Бујар Османи, претседателски кандидат од редовите на ДУИ, гостин во претседателскиот поткаст во емисијата “Стадион” на Канал 77. Целосното изнтервју следете го на линкот подолу: