Безживотното тело на тригодишната Арели Наоми Сан Хозе од Калифорнија е пронајдено во олтарот на црква, додека пред да го издише последниот здив врз неа се изведувал ритуал на „егзорцизам“ од нејзиниот дедо – свештеник, мајка, вујко и други роднини.
Телото на малата Арели било полно со рани кои и ги нанеле нејзината мајка, вујко и дедо за време на ритуалот, за кој рекле дека требало да го „истераат демонот што ја опседнал“.
„За време на егзорцизмот, Арели се обидела да им избега на насилниците. Жртвата постојано извикувала „не“, напишала помошничката окружна обвинителка Ребека Вајс во обвинението од 50 страници.
Мајката на детето, Клаудија Хернандез, нејзиниот брат Рене „Арон“ Хернандез Сантос и нивниот татко, свештеникот Рене Тригеирос Хернандез, беа уапсени неколку месеци по смртта на Арели и обвинети за кривично дело напад врз дете помало од осум години. Тројцата се задржани без кауција и се изјаснија за невини по обвиненијата против нив. На 10 мај, судијката Ханли Чу се очекува да одлучи пред судот во Сан Хозе дали да ги изведе на суд тројцата роднини, а Обвинителството изрази уверување дека има доволно докази за да ги осуди.
„Таа не беше своја“
Кога полицајците пристигнале во црквата на 24 септември 2021 година и ја прашале Клаудија што се случило со нејзината ќерка, тогаш 25-годишната жена им рекла дека Арели претходната ноќ била будна, врескала и плачела.
„Нејзините очи беа сменети. Покажуваа дека тоа не беше таа. Она што верувам, бидејќи одам во црква, е дека таа беше опседната“, им рекла 25-годишната мајка на полицајците.
Клаудија изјавува дека се обидела да ги стави прстите во устата на нејзината ќерка за да предизвика повраќање, но малата ја каснала.
Околу 7 часот наутро, мајката и нејзиниот брат го однеле тригодишното девојче во црквата каде што служел нивниот татко пастор – да се молат. Свештеникот заедно со своите деца и внуката ја започнале церемонијата за истерување на ѓаволот од телото на девојчето. Тројцата го држеле детето така што тоа лебдело над подот од слепоочницата и се обиделе да предизвикаат повраќање, фаќајќи ја за грлото.
Клаудија ѝ рекла на полицијата дека девојчето и кажало дека „ја сака“ за време на егзорцизмот, но верува дека во неа имало зол дух.
Откако Арели се смирила, како што објаснува мајката Клаудија, ја ставиле на подот. Тогаш, според Клаудија, Арели престана да дише. Клаудија рече дека „Бог и дал до знаење дека детето не се враќа и дека засекогаш го нема“, се наведува во белешката на помошникот окружен обвинител. Мајката на детето сведочеше дека верувала дека детето е живо до 18 часот, иако не дишела, а усните ѝ биле помодрени.
„Механичко задушување“ – причина за смртта
Според лекарот кој подоцна го прегледал телото, причината за смртта на Арели била „механичко задушување“ предизвикана од нешто што ви го покрива лицето или градите и ве спречува да дишете. Како последица на ова гушење, девојчето добило воспаление на мозокот, крв во белите дробови, рани на вратот и рани во устата.
Кога полицијата ја прашала Клаудија дали се чувствува одговорна за смртта на нејзината ќерка, таа признала дека „во извесна смисла“ се чувствува одговорна. 25-годишната девојка сама ја контактирала полицијата во октомври 2021 година и му кажала на полицаецот дека, околу 3 недели пред смртта на детето, таа самата „секојдневно разговарала“ со Бога.
За тоа време, Клаудија тврдела дека постојано се моли за Арели, но Бог и рекол дека ќе ја однесе кај себе затоа што таа не била наменета да биде мајка.
Клаудија беше уапсена во јануари 2022 година, откако судскиот совет го објави својот извештај за дека причина за смртта на детето е гушење. Братот на мајката и нејзиниот татко беа уапсени во мај истата година.
По апсењето, братот на Клаудија ѝ рекол на полицијата дека одел во црква 4 пати неделно и дека Бог му дал посебни дарови, вклучувајќи ја и способноста да лекува, да гледа визии и да разбира непознати јазици. Зборувајќи со полицијата, Арон признал дека начинот на кој го држел детето за време на церемонијата, можеби придонел за нејзината смрт.
„Тој рече дека имало моменти кога Бог му рекол да ја држи поцврсто и дека смртта на Арели го натерала да ја доведе во прашање неговата способност како исцелител“, пишува во обвиниението.
Што се однесува до свештеникот Рене Тригеирос Хернандез, во изјава пред властите споделил дека неговата ќерка му рекла оти Арели „не е нормално девојче“, а тој верува во нејзините зборови.
Извор: Прототема.гр