Не гори само Универзална, гори еден симбол на Македонија, гори симболот на солидарноста по скопскиот земјотрес изграден со помош на донации од 35 земји, е само дел од коментарите на социјалните мрежи откако пред малку се запали куполата на најпознатата сала кај нас.
Тажна е сликата да се види делото на македонската негрижа, со години се реновира и никако да доживее да биде пуштена во употреба.
Министерството за култура ги одзема ингеренциите на Град Скопје и почна да ја реновира. Се намести куполата пред десеина дена, но не издржа.
Причините за пожарот допрва ќе се утврдуваат.
Погледнете ја тажната слика на нашата негрижа.