Во првото издание на Претседателскиот подкаст на Канал 77 во пресрет на Претседателските избори, разговараме во Билјана Ванковска Цветковска, кандидат за Претседател на државата од партијата Левица.
Професорката Ванковска открива детали од личниот живот, се задржува на Програмата за Претседателските избори, а дава одговор на тоа дале треба да се отвори за јавна дебата конфликтот од 2001-та.
Ванковска би предложила дебата за излегување од НАТО, додека Македонија треба да биде неутрална воена сила и да се демилитаризира. Во однос на прашањето на Европската Унија, Ванковска смета дека нема логиката Украина или Босна и Херцеговина да преговара, а Македонија не. Професорката беше прашана како би постапила доколку е член во заедничката Историската комисија на Македонија и Бугарија. Ванковска рече дека никогаш не би била член од принципиелни причини и објасни што експлицитно би рекла „НЕ“ на понудата. На прашањето што треба да учат децата за настаните од 2001 година, кандидатката на Левица за Претседател на државата, смета дека мора да им се понуди верзија и факти на младите за конфликтот за кој сега не се учи, ниту се зборува во име на етнички мир.
Погледнете го целиот разговор во Претседателскиот подкаст.