Среќен роденден на мојата животна љубов, бескрајниот мотиватор и поддржувач, кој покрај големата љубов ми подари и три прекрасни деца. Посакувам ваква семејна хармонија во секој дом во Македонија!
Ова го напиша на својот Фејсбук профил кандидатот за претседател, Максим Димитриевски, кој повеќе од две децении е во брак со својата Надица и имаат три деца.
ММС го праша Димитриевски што најчесто и подарува на сопругата и дали овој пат, со оглед на обврските, имал време за да и купи подарок.
-Оваа година подарокот за сопругата го избра ќерка ми, а тоа е убава бижутерија, накит. А јас највеќе и подарувам цвеќе, понекогаш тоа е собно цвеќе, понекогаш букет. Сум и подарувал и парфеми, кои знам дека и се допаѓаат, но сум и подарувал и некоја убава бижуетрија, која знам дека и се допаѓа. Надица е скромна жена, рече Димитриевски за ММС.
Димитриевски секогаш потенцира дека е во среќен брак и дека неговата сопруга Надица му е најголема поддршка во патот кој го чекори.
-Имам огромна поддршка од сопругата, огромно разбирање од децата. Среќен сум што децата се присутни покрај мене и покрај сопругата. Милан(22) е свој човек, студира и работи во Скопје, живее под кирија заедно со девојката и му посакувам успех. Вероника(19) студира архтектура и многу е слична на мене и по карактер и во особините, додека Димитрар на 16 години се занимава со музика, учи во гимназија во Куманово, рече Димитриевски неодамна во интервју за ММС.
Дека, за него, жената е столб во семејството го кажа и во чеситката за Денот на жената.
-Жената претставува столб на семејството во секое општество, која треба да се почитува и уважува секој ден. Ви посакувам секојдневно внимание и многу љубов од најблиските, затоа што Вие тоа го заслужувате, рече тогаш Димитриевски и додаде:
-Ова е нашето заедничко општество каде што мораме да бидеме еднакви, затоа што само на овој начин можеме да одиме заеднички напред.Местото на жената е кадешто се носат одлуките и Движењето ЗНАМ ќе продолжи да се залага за тоа” рече тогаш Димитриевски.
(В.М.)
Фото: Фејсбук