Во видеото е интегралната конференција на српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Веќе објавивме дека двајца работници на комуналното претпријатие признале дека ја прегазиле, а потоа задавиле малата Данка и ја фрлиле во депонија. Телето се’ уште не е пронајдено. Министерот меѓудругото рече:
-Автомобилот го управувал осомничениот Д.Д., додека С.Ј., кој бил сопатник, излегол од автомобилот, ја отворил вратата и телото на девојчето кое било без свест го пренело на задниот дел од возилото за да го превезе. Во текот на возењето тие се договориле да го фрлат телото на детето некаде, а по пат во 13 часот и 57 минути таткото на девојчето, кој бил во автомобилот, ги запрел и ги прашал дали го виделе девојчето, на што тие рече не“, рече министерот Гашиќ.
Комплетната конференција за медиумите почнува по 14 минута од видеото на Танјуг: