Брзата помош пристигнала пред полициската станица каде биле таткото и мајката на убиената Данка Илиќ, пренесува мондо.рс.
На некој од нив му се слошило и лекарите морале да реагираат и итно биле префрлени во блискиот здравствен дом. Семејството на малата Данка пред дваесетина минути пристигнало во полиција. Прво таткото, а потоа мајката со дедото на Данка.
Да потсетиме, десетдневната потрага по малата Данка Илиќ од Бор заврши трагично. Денеска беше соопштено дека е убиено двегодишното девојче, а осомничените за убиството се уапсени. Полицијата од Бор ги уапси работниците на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.
„С.Ј. е осомничен дека со неговото службено возило „фиат панда“ на улица „Радомир Путник“ удрил во пешакот, двегодишната Данка и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д., телото на девојчето го ставиле во багажникот на возило, по што се упатиле кон дивата депонија на „Старобањски пат“ кај Бор, каде телото било фрлено од десната страна на коловозот“, изјавил извор близок до истрагата.