Откако полицијата во Виена објави дека девојчето од видеото во Виена не е Данка Илиќ, австриските медиуми ја пренесоа изјавата на мајката на девојчето за кое се сомневаат дека е малата Данка.
Австрискиот портал „Космо“ тврди дека ја лоцирал едната од двете жени кои се појавуваат на видеото од Виена.
Таа жена, наводно Романка, тврди дека на видеото не е Данка, туку нејзината ќерка. Жената која наводно го контактирала овој австриски портал ги дала своите приватни фотографии како поткрепа на тие тврдења.
На една фотографија се гледа црномуреста жена, за која се тврди дека е мајка на девојчето на видеото, како седи покрај дете за кое постои сомневање дека е Данка.
На друга фотографија која ја објави порталот Космо се гледа селфи од русокоса постара жена со дете кое личи на исчезнатото девојче од Бор. На видеото од Виена, поради што австриската полиција почна да трага по малата Данка, се гледаат две жени, една помлада црнка и една постара русокоса, со мало девојче.
Како што пишува Космо, новинарите преку група на Фејсбук стапиле во контакт со жената А.Ч.С.(36). Според нив, таа е романска државјанка и живее и работи во Виена. Таа, како што велат, била „нервозна“ кога дознала што се случува.
“Што да кажам? Од недела сум во пеколот! Во текот на ноќта добив неколку пораки дека на социјалните мрежи се споделува видео со мојот лик и дека започнале потрага по исчезнатото дете. Во неделата веднаш отидов во полиција и побарав помош.
Разговорот со неа, пишува „Космо“, бил емотивен и тежок бидејќи била во шок.
Размислува, велат, што можело да се случи доколку ја препознаеа на улица и повикаа полиција.
„Тоа низ кое поминувам е страшно! Јас сум мајка, сочувствувам со детето од Србија и сакам да го најдат. Сега ми дојде полиција дома, им кажав се и на крајот ми се извинија за маките низ кои поминав“.
Потсетуваме, виенската полиција официјално соопшти дека детето не е Данка Илиќ која исчезнала.
„Забележувајќи ја сличноста меѓу девојчето и речиси двегодишното дете исчезнато во Србија, тој направи видео од трите лица и го сподели со српските власти. Со оглед на тоа што роднините по прегледувањето на сликите изјавиле дека најверојатно станува збор за исчезнатото девојче, по наредба на Јавното обвинителство на Виена, фотографиите ги објави државната полициска управа на Виена на 3 април 2024 година. Сега е разјаснет идентитетот на лицата од сликите и воспоставен е контакт со нив“, се посочува во соопштението на виенската полиција, пренесува Н1.инфо.ба.