Попладнево се случил инцидент во Арачиново. Пукано во автомобилот градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, а раноето е едно лице од неговото обезбедување.
Медиумите информираат дека лицето е префрлено во Ургентниот центар со простерлна рана во градите.
-Го внесуваме во сала. Има прострелни рани на градниот кош. Станува збор за момче на околу 30-годишна возраст. Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала, изјавил за Телма Неџати Јакупи, директор на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за Курир го потврдил ицидентот, додавајќи дека во престрелката погоден e неговиот возач.
Во моментот се врши увид.