Дваесет и едногодишната, Енкеледа Чела од Албанија која студира во Скопје, е исчезната од ноќта петок кон сабота. Апелот за исчезнувањето на девојката која студирала на Економскиот факултет веќе вирално се шири на социјалните мрежи, а случајот е пријавен и во полиција.
Според објавата, Енкеледа Чела е висока е 160 сантиметри, има црвено кафеава коса, кафени очи и носи протези на горните заби. Во моментот на исчезнувањето била облечена во фармерки и црна јакна, а на себе носела ранец.
-На 30.03.2024 во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – соопштија од МВР.
Девојката исчезнала откако во петокот вечерта односно некаде околу полноќ излегла да прошета на којот на Вардар во населбата Илинден каде и што живеела, по што не се вратила дома.