Посниот банана леб е идеален десерт без глутен и без шеќер. Се работи за здрав, а вкусен десерт, како создаден токму за овие денови кога многумина постат.
Состојки:
Четири зрели банани
110 мл вода
125 грама брашно од хељда
1 лажичка сода бикарбона или прашок за печиво
60 грама црна чоколада
Подготовка:
Излупете ги бананите и изгмечете ги или изблендирајте ги. Потоа во садот со бананите доадете го брашното со содата. Чоколадата исечкајте ја на мали парчиња и додадете ја во садот со претходно споменатите состојки.
Убаво промешајте.
Смесата ставете ја во сад за печење и печете на 200 степени дваесетина минути. Ќе добиете мек банана леб, а доколку сте користеле поголеми банани додадете повеќе брашно.
На здравје!