Кејт Вилијам и принцот Вилијам ќе го поминат овој Велигден во кругот на најтесното семејство поради побрзото и подобро закрепнување на принцезата откако и беше дијагностициран рак. Со тоа целосно се прекина традиционалната кралска прослава на Велигден. Еве како изгледаше таа и што се смени во оваа, една од најтешките години за кралското семејство.
Минатиот викенд, Enteraiment Tonight извести за посетата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивните три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, во Анмер Хол на имотот Сандрингам. Имено, петчленото семејство заминало со приватен хеликоптер да ги помине велигденските празници со кралот Чарлс и кралицата Камила. Сепак, иако се заедно, беше објавено дека Вилијам и Кејт нема да присуствуваат на велигденската служба со другите членови на семејството за да и дозволат на принцезата да се одмори, пренесува нова.рс.
Сеуште не е познато дали семејниот ручек ќе се служи на имотот во Сандрингем или некој друг ќе го преземе Велики четврток за да може кралот Чарлс да се одмори бидејќи и тој се лекува од рак.
Познато е дека кралот, како и минатата година, ќе го води кралското семејство во нивната годишна црковна служба во капелата Свети Џорџ, која се наоѓа во предградието на замокот Виндзор. Освен отсуството на Кејт и Вилијам, оваа Велигденска недела ќе биде историска за кралицата Камила. Според соопштението од Бакингемската палата, кралицата ќе застане на местото на кралот Чарлс на традиционалната служба на Велики четврток.
Уште повеќе, ова ќе биде и прво големо појавување на кралот Чарлс во јавноста откако ја откри неговата дијагноза за рак. Минатата година, меѓу оние кои присуствуваа на велигденската служба беа принцезата Ана, принцот Ендру, принцот Едвард и грофицата Софи, Зара и Мајк Тиндал со нивните деца и принцезите Беатрис и Евгениј.