Арнолд Шварценегер (76) откри дека неодамна му бил вграден пејсмејкер по три претходни операции на отворено срце.
„Сега имам дел од машината во себе, повеќе личам на мојот лик Терминатор – се пошегуваl актерот. Сето ова го раскажал во епизодата од неговиот поткаст „Arnold’s Pump Club“.
Тој им порачува на своите фанови дека се чувствува одлично.
„Ме оперираа во понеделникот, а во петокот веќе бев на еколошки настан со мојата пријателка Џејн Фонда. Никој не би помислил дека неделата ја започнав со операција“, вели актерот.
Тој раскажа дека лекарите го советувале да оди на операција бидејќи срцето му чукало неправилно поради лузна од претходната операција.
Актерот првпат имал операција за замена на залистокот во 1997 година, за која била потребна операција на отворено срце. Тој отишол на втора замена на залистокот во 2018 година, а исто така имал и операција на отворено срце. Третата операција ја имал во 2020 година.
На крајот тој им порача на своите фанови да се грижат за своето здравје.
„Сакам да знаете дека не сте сами. Ако одложувате нешто од страв, се надевам дека ќе ве инспирирам да ги слушате вашите лекари и да се грижите за себе. Постојат тегови кои никој од нас не може да ги подигне сам. Но, заедно можеме да подигнеме сè, можеме да го подигнеме светот“, вели Шварценегер.