Тиктокерка објави видео од нејзината венчавка кое стана тотален хит и беше прегледано повеќе од 11,7 милиони пати.
„Вака мојот сопруг се појави на свадбата“, напиша таа покрај видеото на кое се гледа како младоженецот носи чевли со посебна порака.
На едниот ѓон пишува „Помогнете“, а на другиот „ми“. На видеото се гледа како младоженецот клекнува со невестата во црквата, а сцената насмеа многумина.
@grecia.v.carr How my husband showed up to our religious wedding. 😂 would you be mad ? #weddingtiktok #weddingprank #groom #mexico #destinationwedding #prank #helpmeplease #viral #wedding ♬ Oh No – Kreepa
„Невестата требаше да и напише „Добро му е“ на чевлите“, „Го сакам ова. Сите станаа толку сериозни деновиве, барем младоженецот има смисла за хумор“ и „Ова ќе ме налути“, се само некои на коментарите.