Поранешниот пратеник во првиот состав на собранието на Република Македонија и сегашен претседател на работничката партија, Горан Зафировски е денешен гостин во најновото издание на емисијата “Стадион” на Канал 77.
Запрашан за случајот со убиството на Панче Жежовски, Зафировски потврди дека убиениот бил член на работничката партија и дека само на два-три дена пред неговото ликвидирање добил порака од него.
- Панче Жежовски е член од почетокот на работничка партија, но со престанокот на континуитетот на постоење на нашата партија тој си имал свои политички активности во други партии. Меѓутоа дали два или три дена пред да биде убиен ми пушти една порака во која кажуваше дека е разочаран од одредени политички состојби и дека сака да се врати во работничката партија. Бевме и лични пријатели, а тој како човек беше културен и фин, скромен, занаетчија и еснаф човек, вели Зафировски.
Прашан зошто тогаш би бил убиен, Зафировски вели дека не може да сфати ниту самиот.
- Не ја знам причината. Навистина чудно и несфатливо, зошто еден таков човек би бил предмет на едно вакво брутално и грозоморно убиство. Убиен и закопан во дупка, додава Зафировски.
За шпекулациите кои се шират дека Жежовски заедно со луѓето кои го убиле учествувал во ископување злато, Зафировски вели дека не верува во такво нешто, но дека со сигурност не би можел да тврди за никого.
Потврди дека лично се знаел и со обвинетиот за убиството на Панче Жежовски и дека не би сакал да коментира било што околуј случајот.
За ова но и за ставовите на Горан Зафировски за двете најголеми партии во државата, многу повеќе гледајте во најновото издание на “Стадион”, на линкот подолу: