Според прелиминарните податоци, повеќе од 60 луѓе загинаа во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, а бројот на жртви може да се зголеми, објавено е на каналот Телеграм на Рускиот истражен комитет.
Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) синоќа соопшти дека имало пукање и пожар пред концерт во Красногорск кај Москва.
— Pluton (@Pluton45873221) March 23, 2024
Бројот на ранети во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва се зголеми на 145, соопшти синоќа Министерството за здравство на Московската област.
Министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека се хоспитализирани 115 лица, од кои пет деца, пренесуваат руските медиуми. Според него, во тешка состојба се 60 возрасни и едно дете.
Двајца од осомничените одговорни за синоќешниот смртоносен напад на периферијата на Москва се приведени во областа Брјанск по бркотница со автомобил, напиша денеска на својот профил на Телеграм, рускиот пратеник Александар Хинштајн.
Koliko jezivo… pic.twitter.com/RcE1iESTQw
— Rodrig (@CendlerBing) March 23, 2024
„Другите осомничени избегале пеш во блиската шума“, додаде Хинштајн.
Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка поради терористичкиот напад.
— Pluton (@Pluton45873221) March 23, 2024
Неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва. Нападот се случил во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт. МИА