Два дена со мислите постојано сме со Мирко Попов. Состојбата е критична и неизвесна, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот Бојан Маричиќ.
„Мирко се бори за живот. А, сите кои го познаваме сме со силна надеж и верба дека тој мора да продолжи и дека ќе продолжи понатаму. Мирко, не те даваме“, вели Маричиќ.
„Твојата сила е твојата публика. Борбата за живот продолжува, борбата за нашата кауза продолжува“, додава вицепремиерот.
Мирко Попов (51), еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, бил хоспитализиран на една од скопските клиники.