Насмеана и расположена со сопругот пред себе, принцезата од Велес очигледно се враќа во своето најдобро издание, откако цел месец се споделуваа теории на заговор во врска со нејзиното опоравување.
Првата снимка од Кејт Мидлтон и нејзината операција на абдомен во јануари, беше конечен одговор на разните „приказни“ за состојбата на принцезата.
Принцот вилијам не можеше да го сокрие своето воодушевување што е излезен со сопругата по предизвикувачкото опоравување.
Експертот за говор на телото, Џуди Џејмс за MailOnline изјави дека Кејт не покажала „слабост“ делувајќи самоуверено. Како што објасни Џејмс, изгледот на Кејт успеал да ги негира сите „токсични гласини“ кои се ширеа за неа во изминатиот период.
„Кејт направи доволно големи чекори за да биде јасно дека нема никакви слабости. И додека Вилијам го крие своето лице под капчето, говорот на телото на Кејт Мидлтон укажува на тоа дека таа сака да биде видена. Ова е прилично необично однесување, но со ваквиот начин таа ги отфрли сите грди коментари за неа. Главата ѝ е крената, насмеана е, а тоа е знак на сигурност“, изјави аналитичарката.
На крај таа додава:
„Апсолутно зачудувачки е да видите како една од најпопуларните жени на светот стана предмет на шпекулации и гласини на социјалните мрежи, а потоа одеднаш се појави на ваков начин, полна со енергија и неверојатно среќна“.