Државната изборна комисија ја информира дека ќе го продолжи рокот за пријавување на гласачите во дијаспората.
-Во текот на ноќта, 17 март 2024, од 24 часот се случи технички проблем со веб страната www.dijaspora.sec.mk која беше вратена во функција утрово во 9 часот. Од таа причина, пријавувањето на гласачите во дијаспората се продолжува за времето колку што траеше прекинот, односно до 19 март 2024 година, 9 часот, информираат од ДИК.