Почина Костадинка Велковска, хрватска театарска, телевизиска и филмска актерка и пејачка со македонско потекло.
Таа, како што пишуваат хрватските медиуми, починала во неделата на 76-годишна возраст во пензионерски дом.
Простувањето ќе биде во четврток, 14 март 2024 година во 14 часот во крематориумот во Мирогој.
Костадинка во јули минатата година доживеа мозочен удар, по што беше на интензивна нега во КБЦ Загреб. После тоа се прошири лажна вест дека актерката починала, но тогаш нејзината снаа ја демантираше веста. На почетокот на годината нејзиниот син Никола Подкрајац изјави дека Костадинка била во загрепски дом за стари лица.
Актерката имаше богата кариера. Таа глумеше во сериите „Забранета љубов“, „Комшии засекогаш“, „Нашата мала клиника“, „Не се откажувај“, „Нина“, „Дар Мар“, „Битанги и принцези“… Се оствари и со улогите во филмовите „Процес на бомбардирање“, „Браво маестро“, „Јазол“ и многу други.