На 11.03.2024 во ОВР Свети Николе е примено писмено известување од директор на Основно општинско училиште во Лозово. Според пријавеното, наставник во училиштето на социјалната мрежа фејсбук имал споделено фотографија со несоодветна компромитирачка содржина.
Полициски службеници постапиле по пријавата и за настанот е известен ОЈО Свети Николе.
Претходно, во медиумите се огласи и осомничениот професор:
„Профилот и телефонот ми се хакирани, а моите слики во јавноста се појавија без моја согласност и било каква лоша намера“, изјави професорот по Физичко воспитување Сашко Димов, вработен во ООУ Методија Митевски Брицо во Лозово, пренесува ТВ Стар.
Од друга страна, родителите на деца во ова училиште се крајно вознемирени и се плашат, како што пренесе Тв Стар, за менталниот и физичкиот интегритет на децата и бараат случајот итно да се разреши, а наставникот да се отстрани од училиштето.