Кристина Пишкова од Чешка, 23-годишна студентка по право, е прогласена за нова Мис на светот на натпревар во Мумбаи, Индија. Таа победи во конкуренција од 111 девојки, од кои 40 завршија во финалето, пренесува Си-Ен-Ен.
Зад Пишкова завршија Јасмина Зејтун од Либан, Еш Абрахамс од Тринидад и Тобаго и Лесего Чомбо од Боцвана.
Пишкова на тронот ја замени Каролина Бјелавска од Полска, која победи во 2022 година, а лани натпреварот не се одржа.
Запрашана да објасни проблем кој особено го засега женското здравје, Криситна зборуваше за отстранување на предрасудите и срамот околу менструацијата, велејќи дека „да се биде жена е подарок“ и дека менструацијата не треба да биде табу тема..
Кристина има 23 години, моделира, студира право и деловна администрација, течно зборува англиски, полски, словачки и германски јазик и се залага за одржлив развој преку образование.
Натпреварот за најубава жена на светот потекнува од Велика Британија во 1951 година како „натпревар во бикини“.