Британската полиција уапсила 11-годишно дете кое на автопат управувало автомобил БМВ со украдена камп-приколка.
Полицијата била известена дека е украдена камп-приколка во близина на Тирск во североисточна Англија и дека ја влече црно БМВ, се вели во соопштението на полицијата, пренесува Ројтерс.
Тие потоа го пронашле автомобилот на автопатот што го поврзува главниот Лондон со Лидс.
„Но, ништо не нè подготви дека ќе најдеме ученик зад воланот“, соопшти полицијата во Северен Јоркшир.
We intercepted a BMW towing a suspected stolen caravan yesterday and were staggered to find an 11-year-old boy at the wheel.
Quick work by our skilled roads policing officers and our intelligence team working in the background ⬇️ https://t.co/omYtrQ3Aee pic.twitter.com/gUgxngcNEv
— North Yorkshire Police (@NYorksPolice) March 8, 2024
Законската возраст за возење во Британија е 17 години.
Момчето е уапсено поради сомнение за повеќе прекршоци, меѓу кои кражба, провала, оставање опрема за кражби и прекршоци на моторни возила, вклучително и опасно возење, се вели во соопштението, пренесува Н1.