Кандидатот за претседател на албанската здружена опозиција „Влен“, Арбен Таравари во емисијата „Стадион“ зборувајќи за меѓуетничките односи и застапеноста на Албанците во институциите,даде слика низ примерот на Клиничкиот центар во Скопје. Во времето додека студирал, во 1990 – тите години, како што рече, немало доктори Албанци.
-Во тоа време освен по некој Албанец чистач или болничар немаше вработени доктори Албанци или медицински сестри. Љуљзим Адаи е првиот вработен доктор Албанец, рече Таравари.
Тој изјави дека во Македонија живеат една третина Албанци, 60 отсто македонско население и заедно чинат 90 отсто од дражавата, поради што е потребно да се изгради општество на добри односи.
Таравари смета дека треба да се разгледа прашањето за пишување на нов Устав.
-Да се разимисли дали ни треба нов Устав. Ние сега имаме крпен Устав, во кој на секои 2-3 години менуваме нешто. Сега е моментот да се отвори дебата меѓу нас – да се отвори дебата на експерти и дебата во општеството, рече Таравари.
Ова е еден од столбовите на изборната програма на „Влен“, покрај европскиот пат, владеењето на правата држава и меѓународна и регионална соработка, во која доминира европскиот пат на четирите држави од регинот.