Сончевиот март на Копаоник и 60 отсто од скијачките капацитети кои секојдневно се во функција ќе го одбележи и претстојниот музички фестивал на кој годинава заедно ќе настапат двете најголеми ѕвезди од регионот.
Осмиот по ред Music Week фестивал ќе се одржи 15 до 17 март, а Салата за настани на хотелот Гранд Копаоник ќе стане епицентар на најголемиот сценски и музички спектакл со настапот на две музички легенди – Лепа Брена и Здравко Чолиќ!
Заедно со луксузните капацитети на хотелот Гранд Копаоник, на посетителите им се нуди динамична и возбудлива комбинација на скијање и сончање, извонредна спа атмосфера, незаменливи гастро и апрес ски-станици и феноменална ноќна забава. Ексклузивните пакети со вклучени влезници за концертите на Music Week фестивалот веќе се пуштени во продажба.
Скајмјузик и оваа година ветува премиум искуство на Music Week фестивалот со внимателно режирани концерти. Лепа Брена и Чола за прв пат заедно под покровителство на еден фестивал, давајќи ѝ така можност на публиката да доживее невидена комбинација од нивните хитови.