Денес, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја доби Одлуката од Министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со ДТП или се нецелосно имунизирани со ДТП.
-Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник на 11.03.2024 година со издавање на Решение за забрана на прием на деца кои не се имунизирани со ДТП или се нецелосно имунизирани со ДТП, и други наложени епидемиски мерки. Исто така ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДТП. Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје Скопје, информираат од ДСЗИ.