Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 7 часот и 42 минути по локално време на длабочина од девет километри, а пицентарот бил на 29 километри од Мостар.
На веб-страницата на ЕМСЦ граѓаните соопштија дека земјотресот добро тресел.
🔔#Earthquake (#zemljotres, #potres) M3.1 occurred 29 km S of #Mostar (Bosnia & Herzegovina) 20 min ago (local time 07:42:40). More info at:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/19twVPddK1
🖥https://t.co/xJodoT9lsF pic.twitter.com/yfHSjjderd
— EMSC (@LastQuake) March 7, 2024
„И тресеше и татнеше“, „Кратко ама добро се затресе“, „Ме разбуди“, се само дел од коментарите на граѓаните.
Неколку чса претходно Хрватската сеизмолошка служба ги објави деталите за земјотресот што во текот на ноќта го потресе Загреб и неговата околина.
#potres (#earthquake) 07.03. kod Markuševca u 01:55 M1.9 i 01:58 M2.8. Opširnije na https://t.co/Q4LLbyhWs2. Ako ste osjetili potres, molimo javite na https://t.co/RJDaIJlwpM
— Seizmološka služba HR (@seizmo_hr) March 7, 2024
-Првиот се случил во 1 часот и 55 минути со јачина од 1,9, а вториот три минути подоцна, во 1 часот и 58 минути, со јачина од 2,8 степени според Рихтер, наведоа тие.
Многу граѓани почувствуваа два потреси, а своите сведоштва ги споделија на страната ЕМСЦ.
#Earthquake (#potres) possibly felt 21 sec ago in #Croatia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/BdAoBNYNec
— EMSC (@LastQuake) March 7, 2024
„Имаше силно тресење, гром и потоа силно тресење со постепено намалување“, „Двапати во рок од неколку минути. Повторно областа Чучерје. Прво имаше помал удар, а потоа и силен. Ја стресе цела куќа“, „Беше ненадејно и доста силно. Поминаа три секунди“, се само дел од коментарите на вознемрените граѓани.