Холандија, исто како и Хрватска, Украина и Италија е меѓу фаворитите за евровизискиот избор на песна, барем така покажуваат обложувалниците. Холандскиот претставник Јост Клајн (26) со песната „Europapa“ се искачи на седмата позиција.
„Песната е посвета на мојот татко. Растејќи ме, тој ми пренесе широк поглед на светот“, изјави Клајн, пренесуваат тамошните медиуми.
Инаку, раперот и поранешниот јутјубер, песната ја направил заедно со холандскиот рапер Дони (29), а стиховите на песната е писмото од Клајн до неговиот покоен татко, кој починал од рак и му оставил во аманет дека не постојат граници за сето она што може да го постигне.