Научниците во Германија ја прогласија аортата за посебен орган. Така, по статус е еднаков на белите дробови, мозокот и срцето. Ниту еден од тие органи не би функционирал без аортата.
Аортата е главниот и најголемиот крвен сад во човечкото тело. Почнува од левата комора, од каде што се разгранува кон сите други органи и на тој начин добиваат кислород. Се протега од срцето до абдоменот и се дели на две помали артерии. Гранки од влезната аорта го снабдуваат срцето, од аортниот лак се снабдуваат главата, вратот и рацете, а од торакалната десцендентна аорта градниот кош, додека гранките од абдоминалната аорта го снабдуваат стомакот, пишува Дневник.хр.
Без неа, ниене би постоеле. Аортата стана орган. Тоа го објавија научници предводени од Мартин Черни од германски универзитет.
„Доколку се зголеми потребата за специјализација, ќе добиеме подобри резултати на пациентите и подобро здравје за целиот кардиоваскуларен систем, како и нашиот нов орган. Сега е инициран развој на специјалисти за аорта“, објасни тој.
За хирурзите, аортата и се што е поврзано со неа значело некои од најтешките операции. Ним им помогна технологијата, а оваа одлука на крајот ќе создаде нови експерти.