Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даде кислород, откако испука боца со хлор од 50 килограми.
Како што информираше Центарот за управување со кризи информира дека се работи за ретка, но опасна ситуација со истекување на хлор, што се користи за хлорирање на водата за пиење.
– РЦУК Штип информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница вчера од 08:00 до 11:00 часот, имале техничка интервенција на испукана боца со хлор од 50 кг. во филтер станицата. Интервенирале со две возила, четири пожарникари и четири други лица. Нема повредени лица, но на вработените во филтер станицата во Виница им е даден кислород, заради можност од вдишување на отровниот гас, се наведува во соопштението на ЦУК.
Центарот информира дека имало вкупно седум пожари на отворено во државата во последното деноноќие.
Регионалните ЦУК Скопје и Битола информирале за по два, РЦУК Охрид, РЦУК Штип и РЦУК Куманово за по еден изгаснат пожар на отворено.
фото: Архива ФБ