Во заедничко соопштение, претставниците на починатата ирска пејачка Шинејд О’Конор побараа поранешниот американски претседател „веднаш да престане да ја користи нејзината музика“.
Претставниците на Шинејд О’Конор изјавија дека покојната пејачка би била „згрозена и навредена“ доколку знае дека нејзината популарна песна „Nothing Compares 2 U“ се користи на политичките собири на Доналд Трамп.
„Добро е познато дека Шинејд О’Конор во текот на својот живот живееше со жесток морален кодекс дефиниран со чесност, добрина, праведност и пристојност кон својот ближен. Дознавме дека Доналд Трамп ја користел нејзината изведба на песната „Nothing Compares 2 U“ на неговите политички собири и бевме бесни. Не претеруваме кога велиме дека Шинејд би била згрозена, повредена и навредена доколку нејзината музика ја користи некој што таа самата го нарече „‘библиски ѓавол“.Како чувари на нејзиното наследство, бараме Доналд Трамп и неговите соработници веднаш да престанат да ја користат нејзината музика“, се вели во соопштението.