Македонските фудбалски прволигашки екипи денеска ќе го одиграат 21 коло во кое дербито е на програмата во Тетово каде Шкендија е домаќин на Вардар.
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб сезонава се врати во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и прв пат по пауза од три години му гостува на тетовскиот ривал.
Двете екипи се со различни амбиции во пролетниот дел од сезоната. Третопласираната Шкендија атакува на шампионската титула и заостанува три бодови зад лидерот Шкупи, додека амбициите на десеттопласираниот Вардар е да излезе од зоната за испаѓање и да го задржи прволигашкиот статус.
Лидерот Шкупи попладнево од 14 часот е домаќин на Тиквеш, додека актуелниот шампион Струга во истиот термин му гостува на Силекс во Кратово.
Работнички е домаќин на Брегалница, Гостивар ја пречекува Брера, додека Воска ѝ гостува на Македонија ЃП.