Никогаш нема да ја наречам нашата држава Северна и кога бугарите ќе ги стават македонците во нивниот устав тогаш и ние ќе ги внесеме нив во нашиот, вели кандидатот за претседател од редовите на партијата Десна, Зорица Цветковска.
За Љупчо Палевски лидер на партијата и првоосомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес вели дека го познава лично и дека е добар човек и верник.
- Љупчо Палевски го знам, имав лични контакти со него, сите осомничени ги познавам, знам дека се добри луѓе, дека се верници, дека се поштени и не верувам дека сето ова е вистина. Кога разбрав за кого се однесува бев вџашена бидејќи јас лично ги познавам тие луѓе и не верувам дека е возможно такво нешто да биде направено од нив, истакнува Цветковска во телефонско јавување во Стадион.
Разговорот во целост следете го на :