Актуелниот градоначалник на Општина Карпош и претенденд за кандидат на државата од редовите на партијата ГРОМ, денешен гостин во емисијата “Стадион” на Канал 77. Запрашан за предлогот на ДУИ за избор на претседател на државата во собранието и зголемување на неговите ингеренции, вели дека тоа е само обид за уште поголема полтронизација на оваа значајна функција.
- Заговарањето на претседател во парламентот е само уште еден обид да дополнително ја полтронизираат оваа битна, витална функција на државата. Ние да тежнееме кон поголемо осамостојување на претседателот како претседател на сите граѓани тоа е само обид уште повеќе да се партизира таа функција и уште повеќе да може да се контролира однодно послушникот да се направи уште поголем послушник, вели Јакимовски.
Додава дека предлозите кои доаѓаат од големите политички партии најчесто владеачки во парламентот и во владата, практиката покажува дека секогаш претседателите ги слушаат политиките на владејачките политички партии, а ваквиот начин на избор на претседател значи само дополнително се прави нуште попослушна претседателската функција бидејќи во овој случај парламентот би можел уште утре да се состане и да го смени претседателот на државата.
За актуелните предизборни случувања, можните коалицирања на парламентарните избори но и за целиот предизборен процес, со кандидатот за претседател на ГРОМ Стефче Јакимовски во најновот издание на “Стадион” на Канал 77.