Очекував кога ќе дојде ВМРО ДПМНЕ да ги затвори шалтерите и да им каже на луѓето да се стрпат и за три месеци да се врати уставното име па да нема потреба од промена на личните документи, но за жал ништо од ветувањата, тоа не се случи, рече во денешното издание на емисијата “Стадион” Стефче Јакимовски, кандидат за претседател од редовите на партијата ГРОМ.
- За три месеци доаѓаме на власт, нема што да зимате нови документи со Северна Македонија, ќе се стрпите но Тошковски што направи, тој го убрза процесот да станеме побрзо северџани, а Христијан Мицкоски на митинг скандира Никогаш Северна само Македонија, па каде е сега тој слоган, дециден е градоначалникот на Општина Карпош, Јакимовски.
Додава дека најголемиот проблем е во тоа што власта треба да знае на каков народ му е власт и дека тој народ секогаш во пет до дванаесет ги решава работите и после сите му се криви освен тој самиот.
Запрашан за најавата од актуелниот министер за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски дека голема е веројатноста 100 илјади граѓани да не можат да го остварат своето право на глас, Јакимовски категоричен дека во тој случај изборите треба да се одложат.
- Тоа не смее да се случи. Не смееме да си дозволиме таков луксуз. Со здравствена книшка ако треба ќе гласаат луѓето но тоа не смее да се случи. Тогаш автоматски мораме да ги одложиме изборите, како може на 100 илјади луѓе да им забраниш да гласаат по бгрешка на државата, истакнува претседателскиот кандидат на ГРОМ и гардоначалник на Општина Карпош, Стефче Јакимовски во најновото издание на “Стадион” на Канал 77.
Целосниот разговор следете го на линкот подолу.