„Енергетските вампири“ често се осамени, со нарушена самодоверба или недостаток на емпатија. Најчесто зборуваат само за себе без да ги слушаат другите, ја црпат енергијата, а еве како да се носиш со нив.
Би било идеално кога на работното место бо можело да владее пријатна атмосфера, но во реалноста секој дена работа времето го поминуваме со луѓе со различни интереси и особини. Некои од нив за жал се токсични и ја црат енергијата.
Тие се наметливи, нив сѐ ги интересира па поставуваат премногу прашања за приватни работи, сакаат да бидат во центарот на случувањата или пак шират негативна енергија. Луѓето кои ја црпат енергијата и на другите им „играат“ по нервите се нарекуваат енергетски вампири. Ова не е медицински термин – овде се работи за сѐ попопуларно име, а сигурно и вие приватно или деловно се имате сретнато со енергетски вампири.
„Енергетските вампири можат да имаат широко спректар на однесување, но се чувствувате ли уморно и исцрпено после разговорот со нив или пак се плашите дали ќе налетате на нив, големи се шансите дека имаш работа со енергетски вампир“, објаснува клиничкиот психолог Таниша Рeнџер.
Таквиот профил на луѓе кај другите создаваат лутина, фрустрираност и замор. Може да се чини дека разговорот со нив нема смисла и дека не даваат ништо повратно. Енергетските вампири постојано бараат внимание и одобрување, а и можноста да се „приклучат“. Честопати не е лесно да се препознаат бидејќи на почеток се многу грижливи.
Оставаат впечаток дека се добронамерни
Huffpost пишува дека енергетските вампири често се осамени, со нарушена самодоверба и им недостасува емпатија. Најчесто зборуваат само за себе без да го слушаат соговорникот, а сосема е можно тоа да го прават бидејќи до срж се незадоволни од себе. Тие не познаваат граници и во тоа не гледаат никаков проблем. Иако на неа или на него имаш кажано дека ти е потребен мир, тој/таа сеедно ќе дојде до тебе и ќе ти поставува прашања.
Нема да се оттргнат ниту кога ќе им дадеш краток одговор, туку ќе продолжат со својата стратегија. Таквите луѓе се склони за сѐ да ги обвинуваат другите и да се прават жртви.
Дали станува збор за енергетски вампир, можеш да сфатиш според тоа како се чувствуваш во текот и после разговорот со нив. Што да се прави тогаш? Најважно е да се постават јасни граници и да се сочува внатрешниот мир.