Ахмад ал-Гуфери избега од бомба која го збриша целото негово семејство. Кога 103 членови од неговото потесно и пошироко семејство беа убиени во напад на нивната семејна куќа во градот Газа, тој беше заглавен на 80 километри, во окупираниот град Ерихон на Западниот Брег, пренесува Би-Би-Си на српски.
Ахмад работел на градилиште во Тел Авив кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври – не можел да се врати кај сопругата и трите мали ќерки поради војната што следеше и израелската воена блокада. Секој ден разговарал со нив во исто време, кога телефонските врски дозволуваа.
Непосредно пред нападот, вечерта на 8 декември тој телефонски разговарал со сопругата Ширин.
„Таа знаеше дека ќе умре. Таа ми рече да и простам за секое лошо нешто што ми го направи. Ѝ реков дека нема потреба да го кажувам тоа. Тоа беше нашиот последен разговор“, рече тој.
Во голем бомбашки напад врз куќата на неговиот вујко таа вечер загинаа неговата сопруга и трите мали ќерки – Тала, Лана и Најла. Тие ја убиле и мајката на Ахмад, четворица негови браќа и нивните семејства, како и десетици негови тетки, чичковци и братучеди. Вкупно, повеќе од 100 загинати.
По два месеци, дел од нивните тела се уште се под урнатините. Минатата недела тој го прослави роденденот на својата најмлада ќерка. Најла ќе наполнеше две години. Ахмад се уште се обидува да се справи со огромната загуба. Не можејќи да ги држи телата на децата или да им направи погреб, тој сè уште зборува за нив во сегашно време, со лицето неподвижно додека солзите му течат по образите.
„Моите ќерки за мене се мали птици“. Се чувствувам како да сум во сон. Сè уште не можам да верувам што ни се случи“, рекол тој.
Сликите на девојчињата ги тргнал од екраните на телефонот и лаптопот, за барем малку да му биде полесно, за да не мора нешто да му го „сече“ стомакот секогаш кога ќе ги погледне апаратите. Тој се обидува да состави мозаик на она што се случило од приказните на неколкуте преживеани роднини и соседи. Му кажале дека проектилот најпрвин го погодил влезот на куќата на неговото семејство.
„Побрзаа и отидоа кај вујко ми во близина. Петнаесет минути подоцна и таа куќа беше погодена од бомба од борбен авион“, додал тој.
Хамид ал-Гуфери, еден од преживеаните роднини на Ахмад, изјави за Би-Би-Си дека кога почнале нападите, оние кои побегнале по ридот преживеале, а оние кои барале засолниште во куќата биле убиени.
„Тоа беше како огнен појас. Удриле уште четири куќи до нашата. Удираа по куќи на секои 10 минути. Таму имаше 110 луѓе од семејството Гуфери – наши деца и роднини. Сите беа убиени, освен неколкумина од нас“, рекол тој.
Преживеаните велат дека најстарата жртва била 98-годишна баба; најмладото момче – родено само девет дена порано.
Ахмад, кој беше заглавен во Ерихон, не ги посети.
Што направив и што сум крив што останав без деца, мајка, жена и браќа?Сите тие беа цивили, праша тој.
Ахмад сè уште понекогаш ги повикува преживеаните роднини во Газа од Ерихон. Но, по неколку месеци заглавен и очаен да се врати, тој сега не е сигурен дали тоа некогаш ќе се случи.
„Мојот сон беше уништен во Газа“, рече тој. Кај кого да се вратам? Кој ќе ме вика „тато“? Кој ќе ме нарече „мил“? Мојата сопруга ми кажа дека јас сум целиот нејзин живот. Кој ќе ми го каже тоа сега?”.