Свирепо убиство на младо момче се случило вчерa во центарot на Прилеп. Момчето било избодено со нож.
Повеќе жители на Прилеп за Телма информирале дека претходно група младинци имале физичка пресметка. Инцидентот се случил пред деветкатницата во Прилеп на градскиот Плоштад, а загинатото момче било избодено со нож.
Момчето почнало да бега од групата, но по неколку десетици чекори паднало на влезот на прилепската чаршија. Очевидците повикале Итна помош и околу 19:40 било пријавено во полиција.
Итната помош го префрлила момчето во прилепската болница, но момчето починало од повеќе убоди по телото. Полицијата го истражува убиството, а нема информации за идентитетот и возраста на жртвата иако локални веб медиуми објавија претпоставки дека станува збор за малолетник.