Веќе мистериозната приказна за операцијата и закрепнувањето на Кејт Мидлтон за некои стана уште помистериозна откако нејзиниот сопруг пред два дена во последен момент одлучи да не се појави на комеморацијата за неговиот кум, грчкиот крал Константин Втори, во Виндзор од приватни причини, без да открие повеќе детали.
Веднаш се поврза со принцезата од Велс. Иако Кенсингтонската палата соопшти дека сопругата на принцот Вилијам е добро, сомнежите и разните гласини не стивнуваат.
Сега се огласи и нејзиниот тим, среде разни шпекулации.
„Кенсингтонската палата во јануар јасно ги стави до знаење роковите за закрепнувањето на принцезата, а ние ќе обезбедиме само значајни ажурирања“, изјави ексклузивно за Page six претставникот на Кејт Мидлтон, додавајќи: „Таа насока важи“. Тој истакна дека „принцезата од Велс е добро“.
Откако на 16 јануари Кејт беше оперирана во приватна болница во Лондон поради стомачни проблеми, се појавија шпекулации бидејќи не беше откриена причината за хируршката процедура, а многумина беа заинтригирани од информацијата дека принцезата ќе закрепне два до три месеци. Експертите посочија дека тоа укажува на сериозна состојба, додека принцезата од Велс сака информациите за нејзиното здравје да останат приватни.