Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски собра 10 000 потписи за кандидат за претседател. Потписите ги собра и Арбен Таравари.
-Над 10.000+ потписи за кандидат за Претседател! Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа, напиша Димитриевски на својот фејсбук профил.
Таравари исто така се заблагодари на Фејсбук.
-Ви благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за Вас, напиша тој.
Професорката Билјана Ванковска Цветковска до вчера вечерта собра 7876, Стевчо Јакимовски има 6676, професорот Вело Марковски 924, додека Мерсиха Смаиловиќ 887.
Од останатите кандидати се Ѓорги Манасков, кој досега има собрано 267, Зорица Цветковска 140, Господин Попоски 40, а Томе Николоски досега нема собрано ниту еденпотпис.