„Изгледаш 20 години помладо“, „Одлична промена. Имаш многу убаво лице, штета е да го скриеш под брадата“, „Каков филм ќе снимаш, убаво ти стои ова“. Вака коментираат фановите на познатиот актер Расел Кроу кој реши да ја избричи брадата после цели пет години.
Тој објави фотографија на социјалните мрежи која беше поздравена со лајкови и позитивни коментари од неговите обожаватели.
„Актерски подготовки. #20. Првпат од 2019 година, напиша актерот до фотографијата.
Австралискиот глумец од новозеландско потекло, продуцент и музичар стекна светска популарност со неговата улога како римскиот војсководец Максимус Децимус Меридиј во филмот Гладијатор од 2000 година, за којшто ја освои академската награда за најдобар глумец.