Шеесет и шестгодишен маж од Куманово попладнево пукал во својата сестра и нејзините два сина. Жената (63) и еден од нејзините синови (38) починале на лице местото, додека третиот ранет (36) е префрлен во кумановската болница.
Информацијата ја потврди и кумановската полиција, а засега се знае дека до убиствата дошле поради нерасчистени имотно правни односи.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.