Авионот на компанијата Маратон ерлајнс (Marathon Airlines), авиокомпанијата која врши летови за Ер Србија, со 106 патници слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ со дупка на трупот и оштетено крило, како што може да се види на фотографии и видеа објавени на социјалните мрежи.
Авионот бил оштетен во неделата вечерта при полетување од белградскиот аеродром кога удрил во светлосен сигнал на крајот од пистата. Според неофицијални информации, причина за инцидентот е краткиот залет што пилотот го земл при полетување, па немал доволно време да се одвои од пистата и да ги избегне семафорите, пренесува Н1.
Evo kako je izgledao E-195 reg. OY-GDC kompanije Marathon airlines koji leti za ErSrbiju večeras posle prinudnog sletanja na BEG.😕 pic.twitter.com/crLJURHeDa
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) February 18, 2024
Во ваква состојба, авионот кружел над Белград еден час пред конечно да слета. Поради истекување гориво, пожарникарите морале да го испрскаат леталото со пена за да спречат пожар.
„Ер Србија“ соопшти дека авионот на летот за Дизелдорф е вратен од технички причини, а безбедноста на патниците на никаков начин не била загрозена.
Zašto je pilot Embraer-a 195 kompanije Marathon airlines koji leti za Er Srbiju uzeo tako mali zalet?! Zašto toranj nije reagovao?! Jako puno pitanja mi prolazi kroz glavu večeras a ono što je najvažnije da u današnjem incidentu na letu JU324 za Dizeldorf niko nije povređen.🙏✈️… pic.twitter.com/VBJTTu7Jky
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) February 18, 2024
Evo kako je izgledao E-195 reg. OY-GDC kompanije Marathon airlines koji leti za ErSrbiju večeras posle prinudnog sletanja na BEG.😕 pic.twitter.com/crLJURHeDa
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) February 18, 2024