Поранешната пејачка и водителка Ана Севиќ, како што пренесуваат медиумите, ќе ја замени Сања Кужет во балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“, пренесува курир.рс
Ана се враќа на таа сцена повторно, по учеството во ова шоу. Ана и нејзиниот колега Милан Митровиќ пред неколку години водеа сличен формат за деца „Неки нови клинци“.
-Долго размислувавме кој би можел да ја замени Сања Кужет и имаше неколку дами во оптек. Сепак, одлуката падна на Ана Севиќ. Таа се покажа како добар избор, а вниманието на јавноста го привлекува и нејзиниот приватен живот, па Ана е секогаш присутна во медиумите – вели медиумски извор.
Ана Севиќ во 2010 година се натпреваруваше во „Ѕвезда Гранда“, со години беше во брак со Дарко Лазиќе со кој ја има ќерката Лорена, во меѓувреме се разведе од Лазиќ и се омажи за Даниел Недељковиќ, со кој ги има ќерката Сена и синот Симеон.