Со пријава тим на Аматерски хуманитарен велеслалом Маврово 2024, кој ќе се одржи викендот од 1 до 3 март,компаниите годинава ќе го поддржат лекувањето на младиот Леонид Индов. Организаторот годинава одлучи средствата за донација од 22. Хуманитарен велеслалом да бидат наменети за лекување на Леонид , кој во несреќа на летување го повреди вратниот пршлен и остана неподвижен.
Леонид во моментов е на лекување во во центарот за повреди во Меидлинг-Виена, Австрија, но лекувањето чини околу 300 илјади евра, а на семејството му е неопходна помош од секој добронамерен човек. Младото момче не е во можност да ги движи рацете и нозете и дише со помош на респиратор.
Донациите одат на сметката на Леонид Индов:
Целосен назив: Леонид Индов
Трансакциска сметка: 210-7000006805-91
Банка: НЛБ Тутунска Банка
Според организаторот на донаторската акција, Ресорт Маврово секоја компанија може да пријави еден или повеќе тимови, но тимот мора да биде составен од 3 учесници, само скијачи, само бордери или мешано.
За пријава треба да се прати маил на events@resortmavrovo.com со назнака ПРИЈАВУВАЊЕ за 22 ри АХВМ.
Котизацијата за секој пријавен тим изнесува 12.000 денари.