Неодамна се прослави Светскиот ден на палачинките (13 февруари), па може да се потсетиме на една фотографија која предизвика бурни реакции.
Луѓето ги полнат палачинките со шеќер, слатки намази, џем, павлака, сирење, шунка… А дали некогаш сте помислиле да користите туна?
Корисникот на Твитер, Иан Абрахам, направил палачинки од туна за да го прослави нивниот ден и веројатно не очекувал реакција.
Pancake Day – no better breakfast than a nice Tuna Pancake or two or three 😀😀 pic.twitter.com/KLV8rX1oN1
— Ian Abrahams (Moose) (@BroadcastMoose) February 28, 2017
Поединци рекле дека треба да биде уапсен, пренесува LadBible.
-Се разбудив и го видов ова. Не можев да замислам ништо полошо – напиша една личност, а друга продолжи: Срамота.
Револтираниот корисник во својата објава го тгираше американското FBI и напиша: „Решете го ова што побрзо“.
Иако солените палачинки не се новина, и се многу популарни во светот, очигледно е дека туната изгледаше како „екстремен“ избор за луѓето.