Од 14 февруари тече пријавувањето за гласање за претседателските избори закажани за 24 парил и за парламентарните избори на 8 мај на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство.
Нашите државјани можат да се пријавуваат електронски на следниот линк или со пополнување на формулар во дипломатско – конзуларните претставништва (ДКП) во земјите каде што живеат.
Според Роковникот објавен од ДИК, државјаните кои се на привремена работа или престој во странство можат да се пријавуваат за гласање до 18 март и во ДКП-та на нашата држава во земјите каде живеат.
Нашите државјани во странство од 28 февруари до 18 март до 24 часот можат да извршат јавен увид во Избирачкиот список во ДКП-та или преку веб страната на ДИК.